Колку Соларни Панели Се Потребни?
Најчесто поставувано прашање е: "Колку Соларни Панели Се Потребни?". За домаќинствата, потребата се пресметува со тоа колкави се трошоците за снабдување на еден дом, во просек: бојлер, електричен шпоред, фрижидер, греалки, машини за перење садови и алишта, телевизори, компјутери и од прилика 10тина светилки.
Како најголеми потрошувачи се сметаат термалните машини и апарати, односно шпоред, бојлер, греалки, како и фрижидерите и машините за перење. Компјутерите, телевизорите, полначите и останатите "помали" уреди се најмали потрошувачи на електрична енергија.
Околу сите овие уреди, според стандардите, секој уред со ознака A+++ е енергетски најефикасен и користи најмалку електрична енергија, по нив следуваат уредите означени со A++, А+, А, B, C итаканатака.
Доколку сакате да видите колку електрична енергија трошат вашите уреди, тоа може да го откриете од ознаката на задната страна на уредот. Според класи, уредите со знак А+++ се енергетски најефикасни и користат најмалку електрична енергија, а потоа следуваат уредите од класите А++, А+, А, Б, Ц итн.
Кога се вградува самостоен фотонапонски систем, вие повеќе не сте зависни од дистрибутивната мрежа и можете да трошите електрична енергија онолку колку што ќе произведете преку вашиот фотоволтаичен систем. Пресметката за потребна струја се прави со множење на моќноста на секој уред со бројот на работни часови на сончевите колектори во текот на денот. На крај се собира целата сума за сите уреди и се добива конечна пресметка за потребата на електричната енергија - струја во домот.
Како пример може да се земе бојлерот со моќност од 2000w (2000 вати). Доколку дневно е вклучен три часа, тогаш тој троши 6000 ват-часа електрична енергија на ден.
Според овие просечни податоција за потрошувачката на струја на овие уреди, се добиваат 12750 ват-часа, односно 12.75 kW (киловат-часови), дневно за потребите на едно домаќинство. Просечен соларен панел во просек работи околу 5 часа дневно и произведува 1.125 kW струја. Тоа значи дека за просечен дом, се потребни околу 12 соларни панели. Покрај панелите, потребни се и соларни батерии, како и инвентор.
Контактирајте нѐ за повеќе информации.