Соларни Панели и Фотоволтаици МК

Производство, продажба, монтажа и инсталација на Соларни Панели,
Фотоволтаици, Сончеви Колектори и Фотонапонски Панели во С. Македонија.

Јавете сѐ на 070 794 247

Зошто Соларни Панели - Фотоволтаични системи?

Зошто Соларни Панели - Фотоволтаични системи?

Предностите на Соларните Панели - Фотоволтаиците се заштита на животната средина, голем број на сончеви денови во годината (280+), долг животен век на панелите (повеќе од 2 декади), достапни цени, заштеда на електрична енергија.

  • Сонцето е чист, достапен и обновлив извор на енергија.

  • Фотоволтаичните системи ја претвораат сончевата енергија.

  • Електричната енергија стигнува до вашиот дом или канцеларија

  • Кога фотоволтаиците не се активни, вашиот објект се напојува од дистрибутивната мрежа.
Колку Соларни Панели Се Потребни?

Колку Соларни Панели Се Потребни?

Најчесто поставувано прашање е: "Колку Соларни Панели Се Потребни?". За домаќинствата, потребата се пресметува со тоа колкави се трошоците за снабдување на еден дом, во просек: бојлер, електричен шпоред, фрижидер, греалки, машини за перење садови и алишта, телевизори, компјутери и од прилика 10тина светилки.

Како најголеми потрошувачи се сметаат термалните машини и апарати, односно шпоред, бојлер, греалки, како и фрижидерите и машините за перење. Компјутерите, телевизорите, полначите и останатите "помали" уреди се најмали потрошувачи на електрична енергија.

Околу сите овие уреди, според стандардите, секој уред со ознака A+++ е енергетски најефикасен и користи најмалку електрична енергија, по нив следуваат уредите означени со A++, А+, А, B, C итаканатака.

Доколку сакате да видите колку електрична енергија трошат вашите уреди, тоа може да го откриете од ознаката на задната страна на уредот. Според класи, уредите со знак А+++ се енергетски најефикасни и користат најмалку електрична енергија, а потоа следуваат уредите од класите А++, А+, А, Б, Ц итн.

Кога се вградува самостоен фотонапонски систем, вие повеќе не сте зависни од дистрибутивната мрежа и можете да трошите електрична енергија онолку колку што ќе произведете преку вашиот фотоволтаичен систем. Пресметката за потребна струја се прави со множење на моќноста на секој уред со бројот на работни часови на сончевите колектори во текот на денот. На крај се собира целата сума за сите уреди и се добива конечна пресметка за потребата на електричната енергија - струја во домот.

Како пример може да се земе бојлерот со моќност од 2000w (2000 вати). Доколку дневно е вклучен три часа, тогаш тој троши 6000 ват-часа електрична енергија на ден.

Според овие просечни податоција за потрошувачката на струја на овие уреди, се добиваат 12750 ват-часа, односно 12.75 kW (киловат-часови), дневно за потребите на едно домаќинство. Просечен соларен панел во просек работи околу 5 часа дневно и произведува 1.125 kW струја. Тоа значи дека за просечен дом, се потребни околу 12 соларни панели. Покрај панелите, потребни се и соларни батерии, како и инвентор.

Контактирајте нѐ за повеќе информации.

Продажба и Монтажа на Соларни Пантели и Фотоволтаични Системи во Скопје и Македонија

ON-GRID Фотонапонски Панели

Почитувани, соларните фотонапонски панели се поставуваат таму каде нема приклучок за струја или пак инсталацијата за приклучок е прескапа. Идеални за куќа, викендица, фарма, штала, мал погон, мотел, ресторан, рибник и останати мали и големи индустрии. Донесен е и нов закон кој овозможува поставување на ON-GRID фотонапонски системи, односно мини соларни фотоволтаични централи од максимум 4 до 6 KW на куќа или до 40KW за претпријатија. Доколку произведената струја се се користи за лични потреби, не постои ограничување во моќноста на панелите кои ги користите.

На територијата на Р.С. Македонија

Услугите ги изведуваме на целата територија на Р.С. Македонија: Скопје, Скопски Регион, Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Радовиш, Берово, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Кичево, Ресен, Охрид, Струга, Дебар, Маврово и Ростуше, Гостивар и Тетово.

За повеќе информации, контактирајте нѐ на телефон: 070 794 247 (Продажба и монтажа на Соларни Фотонапонски Панели)

Доколку сте монтажер на Соларни панели, нудиме работа во странство.